PAMI S.A. применува најсовремена технологија во индустриското производство на апетисани, од нејзиното основање во 1984 год.

   Со постојаното проширување на своите активности и константното прилагодување на технолошкиот развој, PAMI S.A. успева да се одржи на висока позиција помеѓу компаниите во оваа област.

pami_logo.jpg

   PAMI S.A. денес поседува фабрики на површина од 7000 м2 во индустриската зона на Флорина (Лерин) во близина на границата со Македонија. Континуираното следење на технолошкиот развој овозможува потполно автоматско производство на производите и гарантира висок квалитет на истите.

   Квалитетот што го имаат производите допринесе до големи извозни активности на компанијата во Европската Унија, земјите од Северна и Јужна Америка, Блискиот Исток и Источна Европа.

   Вредностите на ПАМИ се следните: квалитет, тимска работа, научно знаење.